На Споменикот на слободата во Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов приреди прием за делегациите, гости на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.
Триесет и третото издание на манифестацијата ќе го следат делегации од општините Никшиќ, Република Црна Гора; Перник, Република Бугарија; Нови Кнежевац, Република Србија; Сигентсетмиклош, Република Унгарија и Грачаница од Босна и Херцеговина.
Во програмските содржини на манифестацијата ќе учествуваат и КУД „Медвеѓа“ од Медвеѓа, Трстеник, Србија; ФА „Бијела“ од Бијела, Херцег Нови, Црна Гора, Ансамблот за народни пресни и танци „Граовска младост“ од Перник, Бугарија и ФА „Напрафоргок“ од Сигетсентмиклош, Унгарија.
На приемот присуствуваа членови на Советот на Општина Кочани и претставници на институции и здруженија.