На сите припадници на влашката заедница им го честитам празникот со искрени желби за понатамошен успех во негувањето на влашката култура и традиција.
Одбележувајќи го овој ден, оддаваме почит кон вековните стремежи за промоција на влашката заедница и потврдувањето на нејзините идентитетски, традиционални и културни вредности.
Придонесот на Власите во унапредувањето на меѓусебните односи претставува пример за нашите поколенија за успешно градење на мултиетничко и мултикултурно општество.
По повод празникот на Власите ги упатувам моите искрени честитки и заложби за општа благосостојба, меѓусебно почитување и разбирање, мир и здравје на сите граѓани на Македонија.