По повод 24 Мај, празникот на сесловенските просветители и Рамазан Бајрам, празникот за припадниците од муслиманска вероисповед, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати честитка во која се вели:

– Два големи празника во еден ден! Нека е честит и радосен Рамазан Бајрам – за припадниците од муслиманска вероисповед! Вековит да е 24 Мај, празникот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј!   

Различностите нека нè зближуваат, да градиме меѓучовечко разбирање, а толеранцијата и човечноста да бидат мостови за сите граѓани во нашата општина и држава!

Во честитката, Илијев потсети на почитување на мерките за заштита од коронавирусот.   

– Честитајќи ги празниците, повикувам тие да не бидат пречка да останеме совесни и одговорни и да ја почитуваме мерката за органичено движење која почнува од 11 ч. и ќе важи до вторник, до 5 часот наутро. Ви благодарам на сите што го чувате сопственото, а со тоа и придонесувате и за јавното здравје – се вели во честитката од Илијев.