Денеска во просториите на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов одржа средба со крводарителите од Кочани, по повод 17 март – Ден на формирањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Ден на крводарителството во Република Северна Македонија.
Градоначалникот најнапред ја изрази огормната благодарност кон крводарителите, искажувајки ја поддршката за нивната благородна и хумана мисија.
Крводарителите истакнаа дека во периодот кој следи ќе се насочат кон организирање на повеќе вакви крводарителски акциии, каде сакаат да има поголемо вклучување на младите, како и на бизнис-секторот.