Кражбите, физичките пресметки, прекршувањето на полицискиот час се казниви дела за кои се одговара. Затоа, очекувам сите надлежни институции сериозно и одговорно да ги сфатат своите задачи и обврски и да преземат соодветни мерки со цел граѓаните на Кочани да се чувствуваат безбедно.
Ги повикувам сите граѓани, без оглед на нивната возраст, пол или национална припадност да се воздржат од постапки со кои се разгорува меѓунационална нетрпеливост.
Апелирам да престане говорот на омраза по социјалните мрежи и поделбите по која и да е основа. Пред лицето на правдата да се најде секој што го прекршил законот.
Сметам дека за секој проблем треба да бараме и да најдеме мирно решение. Само на тој начин сите ќе придонесеме Кочани да биде пристојно место за живеење.