![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/04/Општина-Кочани-36.jpg)
Од мое лично име и од име на Општина Кочани, на сите припадници на влашката заедница во Кочани им го честитам националниот ден на Власите, со искрени желби за понатамошен успех во негувањето на влашката култура и традиција во Република Македонија.
Овој ден ги изразува вековните стремежи за потврдувањето на нејзините идентитетски, традиционални и културни вредности.
Придонесот на Власите во унапредувањето на меѓусебните односи е пример за успешно градење на мултиетничко и мултикултурно општество, пример на кој треба да се повикуваат нашите идни поколенија.
Нека е честит националниот ден на Власите!
Градоначалник,
Ратко Димитровски