Владко Грозданов
Официјален e-mail за контакт со градоначалникот: vladko.grozdanov@kocani.gov.mk
Телефон: 076-229-165
д-р Владко Грозданов, градоначалник на Општина Кочани
Роден е во Кочани, каде што растел и завршил основно и средно образование.
Дипломирал на Медицинскиот факултет, на Трaкискиот универзитет во Стара Загора, Република Бугарија. Специјализирал гинекологија и акушерство на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Дополнително се усовршувал во областа на гинекологијата и акушерството во Словенија, Бугарија и во Германија.
Како лекар има повеќе од 20 години искуство во медицината и во гинекологијата и акушерството.
Член е на Лекарската комора на Македонија, Балканското лекарско друштво и на Здружението на гинеколози и акушери.
Зборува англиски јазик.
КОИ СЕ НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ?
-
- Ја претставува и ја застапува општината;
- Ја контролира законитоста на прописите на советот;
- Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
- Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;
- Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон се делегирани на општината;
- Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на совет;
- Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
- Го извршува буџетот на општината;
- Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
- Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
- Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
- Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
- Раководи со општинската администрација;
- Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
- Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот;
- Врши други работи утврдени со закон и со статутот.
Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.
Линк до анкетниот лист објавен од Агенцијата за спречување на корупција и судир на интереси.























