„Различната националност не е хендикеп, туку предност. Овде, во градинката, од мали нозе учиме за различните јазици, култури, традиции и религии. Различностите нѐ обединуваат“.
Со овие зборови Јованка Ефтимова, раководителка на клонот 4 од Детската градинка „Павлина Велјанова“ се обрати на присутните на програмата по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.
Дваесет и петте деца вклучени во проектот „Инклузија на децата Роми“ и големите групи од другите клонови на градинката прикажаа содржини на македонски и ромски јазик пренесувајќи пораки за почит и соживот.
Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски и ромските здруженија на граѓани за учесниците на настанот обезбедија пригодни подароци.