В четврток, на 14 декември, Општина Кочани, во соработка со ресторанот „Пролет“, ИМД продукција и повеќе здруженија, организира голем хуманитарен концерт. Парите од концертот ќе бидат наменети за лекување на Методи Митев.
На концертот ќе настапат повеќе познати музички имиња: Даниел Кајмакоски, Ален Хасановиќ, Јордан Митев, Благоја Грујоски, Марјан Коцев, Филип Божиновски, Елена Петреска, Драгана Јорданова. Водителка ќе биде Елена Спанџарска.
– Ги повикуваме граѓаните да купат влезници, да дојдат на концертот и сите заедно да му помогнеме на Методи Митев да ги собере потребните средства и да ја надмине сегашната состојба на инвалидитет – повика Аника Илијевска Ѓорѓиева од Одделението за јавни дејности од Општина Кочани.
Концертот ќе се одржи во Спортската сала кај СОУ „Љупчо Сантов“, со почеток од 20 ч.