На 28 јуни (среда спроти четврток) во периодот по 23 ч. ќе се спроведе превентивно прскање против комарци.
Запрашувањето ќе се врши од земја, во градот Кочани и во низинските села Тркање, Горни и Долни Подлог, Мојанци, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Со дезинсекцијата што ќе ја изведе Центарот за јавно здравје од Скопје, ќе биде опфатена површина од 400 хектари.
Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки.
Според најавите од стручните служби во Општина Кочани, годинава ќе се извршат три прскања против комарци од земја и две од воздух. Воздушната дезинсекција ќе ја изведе компанијата Бони-ер од Куманово.
Доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот поволен ден.