В понеделник, на 15 март 2021 година, со почеток во 10 ч., во салата на Мултикултурниот центар – Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 54. редовна седница. На предлог-дневниот ред се наоѓаат следниве точки:

  1. Разгледување на завршните сметки на општинските основни и средни училишта за 2020 година, на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, за 2020 година
  2. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2020 година
  3. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2020 година
  4. Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на општина Кочани за 2020 година
  5. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Кочани за 2020 година
  6. Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконструкција

на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани во2020 година

  1. Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици за 2020 година
  2. Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во 2020 година
  3. Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2020 година
  4. Извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2020 година
  5. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2020 година
  6. Извештај за реализација на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2020 година
  7. Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2020 година
  8. Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2020 година
  9. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2020 година
  10. Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани за 2020 година
  11. Извештај за реализација на Програмата за работа на Територијалната противпожарна единица на Општина Кочани во 2020 година
  12. Годишна сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2020 година
  13. Годишен извештај на општина Кочани за 2020 година
  14. Буџетски календар за 2022 година
  15. Предлог-одлука за прифаќање на предлогот на Советот на Општина Виница за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Виница и Општина Кочани
  16. Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Виница и Општина Кочани
  17. Предлог-решение за именување членови во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Кочани и општина Виница
  18. Информација во врска со изградбата на мала хидроцентрала на Мала Река
  19. Предлог-планови за дополнување на Плановите за запишување на ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2021/22 година
  20. Информација за состојбата со коронавирусот Ковид-19 на подрачјето на Општина Кочани.