В понеделник, на 15 март 2021 година, со почеток во 10 ч., во салата на Мултикултурниот центар – Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 54. редовна седница. На предлог-дневниот ред се наоѓаат следниве точки:
- Разгледување на завршните сметки на општинските основни и средни училишта за 2020 година, на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на општина Кочани за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Кочани за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконструкција
на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани во2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2020 година
- Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа на Територијалната противпожарна единица на Општина Кочани во 2020 година
- Годишна сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2020 година
- Годишен извештај на општина Кочани за 2020 година
- Буџетски календар за 2022 година
- Предлог-одлука за прифаќање на предлогот на Советот на Општина Виница за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Виница и Општина Кочани
- Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Виница и Општина Кочани
- Предлог-решение за именување членови во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Кочани и општина Виница
- Информација во врска со изградбата на мала хидроцентрала на Мала Река
- Предлог-планови за дополнување на Плановите за запишување на ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2021/22 година
- Информација за состојбата со коронавирусот Ковид-19 на подрачјето на Општина Кочани.