В понеделник, на 14 март во 10 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 43 редовна седница. Според предложениот дневен ред, членовите на Советот ќе ги разгледуваат завршните сметки на: општинските основни и средни училишта, ЈОУ Библиотека „Искра”, ЈОУДГ „Павлина Велјанова”, на КЈП „Водовод” – Кочани за 2015 година, годишната сметка и годишниот извештај на Буџетот на Општина Кочани за 2015 година.
Советот ќе ги разгледува и извештаите за реализацијата на повеќе општински програми. Исто така ќе одлучува и по предлог-одлуката за проширување на Буџетот на Општина Кочани за 2016 година заради реконструкција на подрачно основно училиште во с. Горни Подлог и предлог-одлуката за кофинансирање на проектот „Изработка на основен проект за изградба на локалниот пат Крушка – с. Полаки“.
Седниците на комисиите при Советот се в четврток, на 10 март.