Споменикот на слободата во Кочани, таа врвна уметничка креација е јавен простор, место за собирање на луѓето, за нови културни настани.
За Споменикот – на Споменикот. В петок – на 25 октомври 2019 г., во 13 ч. ќе биде промовирано делото „Споменик на слободата – разговорник“ што содржи беседи со Илија Пенушлиски, Даница Павловска, Коста Балабанов, Небојша Вилиќ, Анета Христова Поповска, Антоанела Петковска, Сања Хорвантинчиќ…
За самиот проект, на промоцијата ќе говори Елена Чемерска, авторка на проектот, ќерка на уметничкиот творец на Споменикот, Глигор Чемерски. Ќе бидат презентирани извадоци од книгата, а овој културен настан музички ќе го илустрира оркестарот при ОМУ „Ристо Јуруков“.
Издавањето на делото е финансиски поддржано од Општина Кочани, преку Програмата за култура.