На 12 мај, Oпштина Кочани ќе се вклучи во реализација на најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2023.
Во акцијата ќе учествуваат основните и средните училишта, дел од вработените во КЈП „Водовод“ и Општина Кочани.
Акцијата ќе започне од 10 ч., кога од пред зградата на Општина Кочани учесниците ќе појдат кон соодветните локации: „АСНОМ“, СОУ „Љупчо Сантов“, Тикешински Лозја и Лукубија.
Покрај собирање и селектирање отпад, ќе се засадуваат дрвја на урбанизирани места во Кочани.