На 11 и 12 октомври, во Пазарџик – Република Бугарија се одржа Вториот транснационален состанок меѓу проектните партнери од проектот „Растеме заедно со екоресурси“.

На состанокот беа дефинирани понатамошните активности од проектот. Од 10 до 15 декември ќе се одржи обуката на наставниците кои предаваат на учениците од 7 до 10 години, планирана со проектот во Кочани. На обуките ќе се развијат иновативни методи за учење за примената на обновливите извори на енергија и за заштитата на природата.

Во проектот од програмата „Еразмус плус“ се вклучени основните училишта „Раде Кратовче“ од Кочани и „Св. Климент Охридски“ од Пазарџик, Република Бугарија, како и невладините Центар за економски развој од Пазарџик и Локална акциона група од Кочани.

Со овој проект учениците од уште од најрана возраст треба да добијат сознанија за ефикасното искористување на енергијата.