Присутните ги поздрави градоначалникот Љупчо Папазов, а на работилницата учествуваше и Филип Трајковиќ, специјалист и меѓународен ревизор за безбедност на патиштата во државата, општините и органите за патишта на РСМ во проектот за поврзување на локални патишта на Министерството за транспорт и врски, кој говореше за глобалните трендови за безбедност на патиштата во светот и во Европа и за Глобалниот план за безбедност на патишта.
Во координација на општинскиот инспектор за патен сообраќај во Општина Кочани Жаклина Пауновска Анѓелковиќ, се работеше свот анализа, при што учесниците ги забележаа силните и слабите страни, можностите и заканите за безбедноста во сообраќајот. Исто така беше презентирана и работната верзија на Сообраќајниот проект за централното градско подрачје и воведување зонско паркирање во Кочани.
Следната работилница ќе опфати дефинирање на конкретни цели и подготовка на оперативни планови. Се очекува стратегијата да биде готова во октомври, кога ќе се разгледува од членовите на Советот на Општина Кочани.