Почитувани,
Ве покануваме да учествувате на втората Форумска сесија, на *ФОРУМОТ ВО ЗАЕДНИЦАТА – БУЏЕТСКИ ФОРУМ* која ќе се одржи на 01 ноември (вторник), во ,,Еуро Хотел Градче,, ВО Кочани со почеток во 18 часот.
Целта на втората форумска сесија е граѓаните да се запознаат со планираните и реализирани приходи на Општина Кочани за 2016г. (до 30.09.2016). Со проекцијата на приходите на Oпштина Кочани за 2017 год. Форумот односно граѓаните ќе имат можност да дискутират и дават свои предлози што според нив би можело да биде дополнителен приход на општината. Ќе бидат презентирани и расходите на буџетските програми за 2017 година и форумот ќе изврши избор односно утврди кои буџетски програми ќе бидат предмет на дискусија на следните сесии.
Преку овие презентации и дискусии граѓаните ќе добијат конкретни сознанија за можностите на општината.
За сите дополнителни информации во врска со форумските сесии лице за контакт е Координаторот на проектот Елена Димитровкска, тел. 070 249 370, elena.dimitrovska@kocani.gov.mk.
Вашиот придонес во креирањето на буџетот на Општина Кочани за 2017 година е од голема важност и интерес за целата локална заедница.
ОПШТИНА КОЧАНИ
Градоначалник
Ратко Димитровски