В среда, на 27 февруари 2019 година со почеток во 11 ч., во хотелот „Изгрев“ во Штип ќе се одржи втората форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“.
Оваа програма се реализира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2017 – 2020“, која Центарот за развој на Источниот плански регион ја реализира во соработка со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Во рамките на предвидените форумски сесии ќе се дискутира за проблеми што го засегаат регионот и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи и концепти за предлог-проекти. Од овие концепти за предлог-проекти, учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните, кои ќе конкурираат за реализација од проектниот фонд, а на последната сесија ќе се даде повратна информација за реализацијата на избраните форумски проекти и препораки.
На форумската сесија можат да учествуваат сите заинтересирани невладини организации, претставници од приватниот сектор, образовни институции и граѓани.
Учеството може да се пријави најдоцна до 26 февруари 2019 година до 12 ч. на: bc.ipr@eastregion.mk