Поради градежни работи за реконструкција, улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани од денес, 7 јуни 2023 година е затворена за сообраќај.

Времената измена на режимот на сообраќај е со согласност издадена од МВР – СВР Штип.

Сообраќајот ќе се одвива по околните улици.

Општина Кочани ги повикува сите учесници во сообраќајот да се движат внимателно, со приспособена брзина на возилата и почитување на  сообраќајната сигнализација.