Во тек се поправки и санации на повеќенаменските и детските игралишта во Кочани.

Во повеќенаменското игралиште во населбата Усова Чешма на ул. „Македонска“ поправени се оштетените заштитни мрежи, влезни врати на игралиштето и спортските реквизити, а направена е и санација на оштетените мрежи на стативите.

Во периодот кој следува ќе бидат санирани повеќе детски и повеќенаменски игралишта, односно детските игралишта на улица „Македонска“ во населба Усова Чешма, на улица „Тодосија Паунов“, на улица „Борис Трајковски“, на улица „Крсте Петков Мисирков“ и двете детски игралишта во Градскиот парк во Кочани.

Ќе се реконструираат и двете детски игралишта во Оризари, детското и повеќенаменското игралиште во м.в. Бавчалук и други.