ЦПКА-Малинска, во соработка со Општина Кочани, Локалниот младински совет – Кочани и Сапорт Кочани, ги повикува младите коишто го преферираат спортот и тимските игри во природа, а коишто се на возраст меѓу 15 и 28 години и се од Кочани, Штип, Чешиново-Облешево, Виница и Пробиштип, да се пријават на линкот:
https://forms.gle/Y5L3A2eCcQW9YTmZ9
Пријавувањето по покажува интересот за вклучување во активностите од програмата за млади „Лето во друштво“: Тимска олимпијада, Игри со Рубикова коцка, Спортски активности, Шах со Емил Ристевски – најмладиот македонски интернационален мајстор, Робинзон Крусо и Пронајди го знамето.
Програмата за млади „Лето во друштво“ е креирана според потребите на младите искажани во анкетата меѓу младата популација спроведена минатиот месец.
