Во рамките на проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување во Кочани“, во тек е надградбата на постојните улични кабинети со паметни уреди за управување и мерење на енергијата во системот за јавно осветлување во општина Кочани.

„Македонски телеком“ како изведувач на работите, постави паметни уреди во 13 од планираните 69 ормани за управување со електричната енергија. Надградбата претставува чекор напред кон модернизацијата и управувањето со енергијата во системот за јавно осветлување во Кочани, односно ќе придонесе за заштеда и поефикасно искористување на електричната енергија и за подобрување на работењето и управувањето на уличното осветлување во Кочани.

Реализацијата е поддржана од проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција, финансиран од Европската Унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој“.