По повод Денот на планетата Земја, 22 април, Општина Кочани во соработка со училиштата и велосипедските клубови од Кочани приреди хепенинг под наслов „Сите на велосипед“.
Ученици и граѓани на различна возраст возеа велосипеди низ улиците на Кочани. Дефилето стартуваше од Градскиот парк. Дел од велосипедистите возеа до излетничкото место Гоцева Шума, а членовите на велосипедските клубови имаа подолга релација – до езерото Гратче.
– Со овој велосипедски хепенинг сакаме да испратиме порака да ја чуваме планетата Земја од загадувања, посебно од чадот што го испуштаат моторните возила и да избираме здрав начин на живеење. Токму затоа, утре, на Денот на планетата земја, порачувам да не ги користиме моторните возила, туку да одиме пеш или да возиме велосипед – порача Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани.
Димитровски им се заблагодари на велосипедските клубови и на учесниците во поддршката за организарање на овој настан.