Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани, во соработка со Општина Кочани, СОУ „Гошо Викентиев“ и Полициската станица – Кочани  деновиве спроведуваат активности во рамките на кампањата за безбедност во сообраќајот под наслов „Стави појас!“.

Сообраќајни патроли на улиците во Кочани ја контролираат употребата на сигурносниот појас од страна на возачите и на сопатниците. При проверката, учесниците во сообраќајот добиваат информативни летоци за придобивките од користењето на сигурносниот појас.

Целта на кампањата е да се нагласи задолжителната употреба на појасот, со што се зголемува личната безбедност и заштита на возачот, односно на патникот.