Организатор на трката, која годинава се спроведе под мотото „Да креираме надеж“, беше Ротари клубот Кочани-Виница, а реализацијата е со поддршка од Општина Кочани и од приватниот сектор.
Учесниците на трката ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој повика догодина да се удвои бројот на учесниците и да продолжи промовирањето на здравите навики за живеење.
Годинава првото место на 10 километри во женска конкуренција ѝ припадна на Теа Божиновска од АК „Скопски маратон“ од Скопје, а во машка конкуренција најбрз беше Мартин Александров Балабанов од Ротари клубот Благоевград од Бугарија. Најдобрите натпреварувачи на патеката од 10 километри добија признанија и парични ваучери.
Христина Гиздовска во женска и Григоријан Никовски во машка конкуренција беа најдобри на патеката од пет километри, а на најкратката патека од 2,5 км победници беа Марија Велков и Николчо Костадинов.