Со пригодна програма, Општина Кочани во соработка со Урбаната заедница 4 го одбележа 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.
По тој повод во објектот „Ѕвездички“ од Детската градинка „Павлина Велјанова“, каде што се реализира проектот „Инклузија на деца Роми во градинките“, беа прикажани содржини што ја пренесуваат пораката за едннаквоста беа оглед на националноста, верата, културата и обичаите.
Во саботата, на 8 април на игралиштето во Трајаново Трло се одржа културно-забавна програма во која учествуваа играорни групи и деца од кочанските училишта. За ромска убавица беше избрана Сибелџан Латифова, а екипата „Рома“ беше прогласена за победник во Осмоаприлскиот турнир во мал фудбал.
Во рамките на манифестацијата беше организирана и дегустација на традиционални ромски јадења.