Детската градинка „Павлина Велјанова“ веќе трета година ја имплементира програмата за социјална кохезија и културен дијалог. Поради тоа во детската градинка вчера, 16.02.2022 година беше одржана работилница со наслов „Играме и споделуваме“, кој како настан беше прикажан пред публика со цел родителите да видат како децата социоемоционалнио се развиваат.
Настанот беше емитуван во живо преку социјалните мрежи и привлече голем број гледачи и родители кои ја следеа подготвената програма.
Присутен беше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов кој ги поздрави децата, родителите и воспитувачките и искажа поддршка кон настанот и успешно спроведување на истиот. Воедно ја поздрави и благородната работа која ја имаат воспитувачките со најмладите во воспитно-образовните установи.