В среда, на 25 декември 2024 година, децата и учителките од Детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани со музички точки и театарска претстава ќе настапат во Градскиот парк во Кочани.
Во 11:30 ч. ќе пее Новогодишното хорче со децата од големата група од објектот „Ѕвездички“, а во 12 ч. учителките од објектот „Цветови“ ќе ја прикажат претставата „Нова година иде, што ли ќе биде?“.
