Поради поројните дождови и високиот водостој на Кочанска Река, во коритото на реката во централното градско подрачје, дошло до прекин на атмосферската канализација.

– Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ брзо интервенираше и постави нова цевка за атмосферска канализација во должина од 40-ина метри, во близина на Градскиот парк. Ова е само еден од поголемите дефекти што настанаа деновиве од невремето во Кочанско. Нашите екипи континуирано се на терен и настојуваме соодветно да одговориме на задачите – соопшти директорот на „Водовод“, Андреј Киров.

„Водовод“ најави интервенции на уште неколку улици во Кочани каде се појавуваат проблеми од комунален карактер.