Денеска, во просториите на Општина Кочани, Градоначалникот Љупчо Папазов оствари прием на деветоодделенецот Владимир Грчев од Кочани, којшто на 8. Европска Олимпијада по информатика за јуниори во Молдавија освои бронзен медал во конкуренција со 104 натпреварувачи од 28 земји. Владимир исто така освои бронзен медал и на Балканската јуниорска олимпијада по информатика во конкуренција на 14 балкански земји.
Градоначалникот му ги честита успесите на Владимир, му посака уште многу високи достигнувања каде ќе ја претставува нашата општина и држава.