Заменик-амбасадорот и првиот секретар во Амбасадата на Австрија Матиас Хуменбергер; регионален советник за водите и животната средина Кармен Тонисен и референтот за национална програма во Амбасадата на Швајцарија Станислава Додева, амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ, амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја и заменик-амбасадорот на Јапонија Шимазаки Терујо, првиот секретар на Амбасада на Народна Република Кина Јан Суј беа дел од гостите на приемот што градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го организираше во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.
На приемот присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, директор на Институтот за земјоделство – Виктор Ѓамовски, директорот на државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, како и заменик-градоначалникот на Крањ Јанез Черне.
Високите гости ги следеа традиционалните обичаи зажнејување и вршидба на ориз коишто се одржаа на нива во Оризари.