Синоќа, Општина Кочани и Комисијата за еднакви можности при Советот на Општината приредиja „Вечер на женски права“.
Публиката имаше можност да го проследи филмот „Ада за градоначалничка“, по што беше отворена панел-дискусија на тема жената во политиката.
За предизвиците на жената во политиката, актуелните состојби на локално и национално ниво говореа Соња Стаменкова, градоначалничка на Општина Македонска Каменица, Татјана Лазарова Осоговска, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Кочани и Кристина Хаџи-Василева, магистерка по родови студии.
На присутните им се обрати и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, кој истакна дека е потребно да се работи на јакнење на јавната свест за рушење на одредени родови стереотипи, a посочи и за потребата жените похрабро да дејствуваат и меѓусебно да се поддржуваат.
На „Вечерта на женски права во Кочани“ ѝ претходеше работилница за родова еднаквост со членовите на Советот на Општина Кочани.
Активностите се дел од проектот „Промоција на родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање“ финансиран од UN Women.