На 30 јануари во 19 ч. во ресторанот „Але-дар“ ќе се одржи традиционалната спортска манифестација Избор на спортист на Кочани за 2017 година.

Комисијата заседаваше на 26 јануари и веќе има донесено одлуки за избор на најдобрите во кочанскиот спорт во пет категории: спортист на годината, спортски работник, тренер, екипа и млади надежни спортисти.

Содржините од изборот на спортист ќе бидат збогатени со настапите на ритмичка група од ОУ „Раде Кратовче“ и на музичкиот состав „Акустик меднес“ од Кочани.