Општина Кочани продолжува активно да ги развива и имплементира локалните активности насочени кон унапредување на одржливата мобилност и безбедноста во сообраќајот, особено кај младите и учениците. Преку креативни и едукативни пристапи, како што е „Вело родео“, се поттикнува учење преку игра и практично искуство.

Овие активности претставуваат дел од пошироките напори за создавање побезбедна и поодржлива локална средина, каде што граѓаните, особено младите, се активно вклучени во процесите на учење и промена на навиките во секојдневната мобилност.

Доколку сакате да прочитате повеќе за оваа активност и нејзиниот развој, посетете го следниот линк: https://urbact.eu/kocani-playful-pilot-local-tradition-dijana-apostolova