По повод големиот христијански празник Велигден, оваа година ќе се организира Велигденски хепенинг под мотото „Сподели радост“, од 7 до 18 април во Градскиот парк во Кочани.
По објавениот оглас за организирање на хепенингот, вчера се одржа јавното наддавање. На јавниот повик беа пријавени двајца понудувачи, од кои „Пролет бар“ понуди највисока понуда.
Велигденскиот хепенинг ќе содржи богата музичка и забавна програма, со поставени продажни штандови.