По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати честитка, во која стои:
„Почитувани сограѓани,
Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, дозволете ми да Ви го честитам Вам, на сите православни верници и да Ви посакам Христова љубов, здравје и спокој во секој дом.
Празнувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе на светот, ја чуваме нашата традиција, нашето духовно културно наследство, затоа да се радуваме заедно со радоста велигденска и сплотенo да го прославиме со најблиските и семејството.
Нека Ви е честит и вековит Велигден!“