Во пресрет на големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати божиќна честитка во која се вели:
„Почитувани сограѓани,
Посакувам овие празнични моменти и денови да ви донесат многу здравје, радост и среќа во вашите семејства, а духовниот мир и меѓусебното разбирање да царуваат во вашите срца.
Божиќ е најрадосниот христијански празник, празник на Христовото раѓање и токму оваа светлината нека биде водилка низ животот во градењето на вистинските христијански вредности, додека Бадник е предвесник на големиот христијански ден, сплотувајќи ги најблиските на бадниковата трпеза. Ви посакувам Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домовите и семејствата. Среќен Божиќ, Христос се роди!“
Градоначалник на Општина Кочани,
Љупчо Папазов