По повод големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати божиќна честитка со желби за добро здравје, мир и благосостојба, во која се вели:

„Почитувани сограѓани,

Ви ги честитам православните празници кои во секој дом носат мир и благосостојба. Божиќ е најрадосниот христијански празник, празник на семејството и мирот, празник на Христовото раѓање, додека Бадник е предвесник на големиот христијански ден, сплотувајќи ги најблиските на бадниковата трпеза.
Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домовите и семејствата, а доброто здравје, духовниот мир и меѓусебното разбирање царуваат во Вашите срца.

Среќен Божиќ, Христос се роди!“

 

Градоначалник на Општина Кочани,

Љупчо Папазов