По повод големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати честитка со желби за многу здравје, среќа и радост:
„Почитувани сограѓани,
Ви ги честитам овие православни празници кои во секој дом носат мир и благосостојба. Божиќ е празник на мирот, радоста и љубовта, а Бадник е предвесник на големиот христијански ден и носи благосостојба, сплотувајќи ги најблиските на бадниковата трпеза.
Вербата ја прави секоја желба возможна, затоа овие Божиќни празници нека ни ги исполнат срцата и домовите со мир и хармонија. Среќен Божиќ, Христос се роди!“
Градоначалник на Општина Кочани,
Љупчо Папазов