По повод претстојниот христијански празник Божиќ, Општина Кочани и Пролет бар, на 7 јануари 2025 година организираат Божиќна забава.
Во Градскиот парк во Кочани, со почеток од 13 ч. ќе настапи македонската поп-пејачка Александра Јанева.
Настапот на Јанева е дел од празничната музичка програма што започна во декември, во чии рамки беше и организираниот дочек на Новата 2025, во Градскиот парк во Кочани.
