Општина Кочани и градоначалникот Николчо Илијев, упатуваат благодарност до сите граѓани кои се вклучија во граѓанската прослава што се одржа на платото во Трговскиот центар во Кочани по повод поканата за влез на Македонија во НАТО и добиениот датум за преговори со ЕУ.

Вредноста на историскиот момент е препознаена ширум земјава. Граѓаните им дадоа значење на досегашните резултати, а истовремено изразија поддршка за продолжувањето на напорите што водат кон безбедност и економски раст.

За само една година, Македонија направи многу чекори напред и во делот на европската интеграција, доби датум за преговори со ЕУ, а посебно важно е што и Владата, институциите, граѓаните во следниот период ќе бидат цврсто насочени кон имплементирање на реформите потребни за зајакнување и забрзување на овој процес на развој и на интеграции и во НАТО и во Европската Унија.