Билјана Петрова е новиот вршител на должност директор на ОУ „Никола Карев“.
Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев ја прифати оставката на директорот на „Никола Карев“, Владо Андов и го потпиша решението за именување на Билјана Петрова за в.д. директор. Петрова досега работеше како наставник по одделенска настава во ова училиште.
Инаку, „Никола Карев“ беше едно од двете најзадолжени училишта по основ на превоз на ученици. Од вкупниот долг за превоз на училиштата кон „Авто атом“ кој изнесуваше 34 милиони денари, 4 милиона и 400 илјади денари беа на ОУ „Никола Карев“, а најголем дел односно 24,5 милиони денари – на СОУ „Гошо Викентиев“.