Продолжуваат работите за уредување на јавните површини во општина Кочани.
Избраните изведувачи работат на бетонирање на крак од улицата „Пролетерски бригади“ и поставување бехатон плочки на делови од тротоари на улиците „Први мај“, „11 Октомври“ и „Мородвиска епископија“.
Деновиве заврши и преуредувањето на тротоарот од левата страна на „Кеј на Револуцијата“, на потегот од ТТК банка до Старата зграда.