П О В И К Општина Кочани организира бесплатни курсеви за пливање за ученици на возраст од 8-14 години од социјално ранливи семејства.
Бесплатни курсеви за пливање за ученици
Курсевите за пливање можат да ги посетуваат деца од семејства со самохрани родители, корисници на социјална помош или семејства во кои едниот од родителите е невработен.
При пријавувањето треба да се приложат потврди од Центарот за социјални работи односно од Агенцијата за вработување.
Часовите по пливање ќе се организираат на Градскиот базен во август со инструктори за пливање.
Пријавувањето е до 15 јули во Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани
Одделение за јавни дејности – Кочани