Екипата на „Беласица“ од Струмица е победник на Меморијалниот младински фудбалски турнир „Драганица куп“, кој на 15 април се одржа по 12 пат во организација на ГФК „Осогово“ од Кочани.
Струмичани во финалето ја совладаa екипата на „Осогово“ со резултат 5 : 4, по изведувањето пенали.
Покрај домаќинот „Осогово“ и победникот „Беласица“ на турнирот учествуваа и екипите на „Плачковица“ од Радовиш и „Слога 1934“ од Виница.
За најдобар стрелец на турнирот, со 3 постигнати гола, е прогласен Љупче Пеов од „Осогово“, најдобар голман е Филип Лазаров од „Беласица“, најдобар играч – Митко Андонов од „Осогово“.
Турнирот се одржува од 2007 година во чест на една од најголемите кочански фудбалски легенди, Драган Михајлов-Драганица.