Денеска на Бадник, денот предвесник на големиот христијански ден Божиќ, над 190 дечиња кои учествуваа во Бадниковата поворка во организација на свештенството на храмот „Св. великомаченик Георгиј“ – Кочани, со исполнување на Божиќната песна „Вечниот Бог“ продефилираа низ кочанските улици и го најавија Христовото Раѓање.
Поворката беше примена од градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов пред општинската зграда кој им подари коледарски пакетчиња, честитајќи им го големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.