Денеска на Бадник, денот пред големиот христијански празник Божиќ, свештенството на храмот „Св. великомаченик Георгиј“ – Кочани ја организираше Бадниковата поворка низ кочанските улици.

Над 120 дечиња кои учествуваа во Бадниковата поворка, исполнувајќи ја Божиќната песна „Вечниот Бог“ продефилираа низ кочанските улици.

Поворката беше примена од градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кој им подари коледарски пакетчиња заедно со Библијата за млади читатели, честитајќи им го големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.