Заврши асфалтирањето на крак од улицата „Кирил и Методиј“ во Оризари, со вкупна должина од 500 м.
На 400 м е надграден асфалтниот слој, а на останатиот дел е извршено тампонирање и асфалтирање. Улицата е со ширина од 3,5 м.
Изведувач на работите е градежната фирма „Стоименов“ од Кочани, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.