По повод 1 април, Денот на шегата, на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ се одржа традиционалната „Априлијада“.
Во програмата настапија децата од големите групи во Детската градинка „Павлина Велјанова“, а многубројната публика можеше да ги види и маските на учениците од одделенска настава од основните училишта во Кочани.
На присутните им се обрати градоначалникот Николчо Илијев кој на сите им посака многу радост, шеги и среќни лица.
Првоаприлската манифестација ја организира Општина Кочани со средства од Програмата за поддршка на образованието за 2018 година.